Прв поминува возот од Елена Понијатовска

Книгава ми се смешкаше при секоја посета на Арс студио. Прво ме освои корицата, а ме убеди краткиот опис. Првичниот впечаток не ме излажа, книгата е одлична, но нема да се допадне секому.
Специфична тематика, исткаени политичките и меѓучовечки односи во Мексико. Натежнуваат личните и туѓите интереси наспроти интересите на железничрите, работниците и општото добро.
Тринидад и Барбара се комплексни, одлично разработени ликови. Секој е приказна сама за себе, а заедно се непобедливи.
Турбуленциите во секојдневниот, сиромашен живот на мексиканецот натежнуваат во позадина, а возот и железницата се речиси главните ѕвезди на ова дело. Описите на железничарите кои буквално се будат и заспиваат со возот, кои работат 7 дена во неделата за да преживеат се одлични. Возот значи живот. Возот не води на незамисливи места, кон нови сознанија. Посакав вистински, а не само метафорички да отпатувам во Мексико.
Заслужена награда Сервантес во 2013. Можеби малку предолго, но севкупно доста солидно четиво И секако
за Понијатовска која ја одлично ја доловува тенката линија меѓу фикцијата и реалноста.
Каде води пругата?