Друго море од Клаудио Магрис
Само 96 страни, но какви добри страни…за пријатели кои учат едни за други, откриваат повеќе за себе, светот и животот, а во позадина почнува Првата светска војна.
Ова е краток роман за пријателството кое ни смртта не го поништува. Инспириран од вистински настани за време на војната, книгата зборува за пријателството меѓу Енрико и поетотот и филозоф Карло Михелштедтер. Енрико се обидува да ги примени учењата на пријателот во својот живот, имено, дека животот е возможен само како соголено постоење во сегашноста.
Морето е постојано присутно како мотив и го симболизира Јадранското море, на чии брегови се одвива дејството, но и Енриковото прекуокеанско патување во Аргентина кое иако кратко, прави чуда за неговото себеспознавање.
Дали како Енрико или Карло, повеќето ќе препознаеме нешто од себе во оваа книга. Македонското издание можете да го најдете во Арс студио.
Магрис е дефинитивно автор кој ќе го задржи вашето внимание.