Верити од Колин Хувер

Ова е 7 или 8 книга која ја читам од Хувер, воедно и нејзин прв трилер и конечно нејзин наслов кој не ме фрустрираше додека го читав. Претходните книги ме мачеа поради конкретна тематика која се провлекува низ нејзините книги, а не би сакала да ви ја откријам доколку допрва планирате да ги читате. Верити ја прочитав бидејќи е 1) прв нејзин трилер и 2) ме копкаше зошто за кратко време, книгава се стекна со толкава популарност.

Ловен е авторка која прифаќа да го заврши популарниот серијал книги на тешко повредената Верити Крафорд. Истражувајќи ги белешките за серијалот, Ловен наидува на шокантната автобиографија на Верити и фокусот на приказната се префрла од серијалот на одредени настани од минатотот кои довеле до несреќата.

Го предвидев пресвртот пред стотата страница и не бев многу изненадена од крајот на книгата, но ми се допадна како брзо се открива (не)наивноста на ликовите како и паралелниот развој на дејстовото испрекинат со поглавја од автобиографијата. Морам да признаам дека ми недостигаше дел каде Ловен го пишува серијалот, едноставно дознаваме дека следната книга е завршена и објавена во 2 реченици и тоа е тоа.

Севкупно, просечен и предвидлив трилер, но ќе го прочитате во еден здив и ќе прочитате нешто различно од Хувер. Доколку сте ја читале книгава, пријавете се во коментари и може да дискутираме 😎

ПС. може да испадне супер филм од книгава, се надевам дека наскоро ќе слушнеме дека приказната ќе биде филмувана.

You may also like...

mk_MKMacedonian