Во туѓа земја од Лејла Слимани

Првиот дел од рецензијата можете да го прочитате на antolog.mk

Oд друга страна го имаме Амин, кој упорно се обидува да одгледува разни земјоделски култури на неплодното земјиште кое го наследува од татко си. Самиот се образува на темата, но паѓа и во очигледни замки од своите соселани и соседи. Ќе навивате да успее, а истовремено и ќе се чудите на неговата глупавост во бизнисот. Ја игнорира сопругата, па повторно и обрнува внимание кога ќе се разболи и така односот меѓу брачните другари како да се врти во круг. Трогателни се неговите напори околу прославата Божиќ со семејството, ќе ги погреши сите подароци, но мора да го цениме гестот на овој војник и припадник на религија која не го одбележува Божиќ. 


Во последните педесетина страници, дејството се насочува кон незивесноста за тоа што се случува на улиците на Мароко. Дури и Матилда која се труди да го игнорира светот подалеку од семејниот имот мора да се соочи со суровата реалност и меурчето пука, а притоа исчезнува и братот на Амин. Чуствата кон овие случувања и што следува понатаму во две мошне кратки, но мошне моќни реченици ни ги открива нивната ќерка Ајша. Тие зборови ви оставам самите да ги откриете, ова е книга која секако треба да ја запишете на списокот за читање. 

Издание на Антолог.

You may also like...

en_USEnglish