Ирмина од Барбара Јелин

May be an illustration of book

Воодушевена сум од илустрациите во овој графички роман, фантастични се и плус во нијанса на мојата омилена боја 💙

Издвојувам илустрации од секој дел на романот, како и дел од дијалозите за да го доловам стилот на Јелин.

May be an illustration

Поделена е на три дела и тоа Англија, Германија и Барбадос и раскажана од перспективата на Ирмина, млада германка која во Англија го усовршува англискиот јазик и се обидува да најде работа. И недостига домот, од Германија стигнуваат застрашувачки новости (дејството се случува во времето на Хитлер), а во Англија се чуствува како странец. Во овој турбулентен период го запознава и брзо се спријателува со Хауард, студент на Оксфорд кој потекнува од Барбадос. Двајцата странци во Англија, брзо се спријателуваат и наоѓаат заеднички интереси, а Ирмина сонува еден ден да го преплови морето и да го посети Барбадос. Како што се зголемуваат тензиите и се чини дека војната е неизбежна, семејството не може веќе финансиски да ја издржува и Ирмина мора да се врати во Германија.

May be an illustration

Интересно е како овој втор, мрачен период од животот на Ирмина во Германија и неуспешните обиди да се врати во Лондон е илустриран и обоен во потемни нијанси на сината боја, Јелин успешно се игра со боите за да ја долови атмосферата и како читател не смеев да ја испуштам книгата од раце! Што ако на следната страница се случи нешто страшно? 🥺

May be art

Третиот дел е повоениот период, Ирмина е веќе постара и конечно може да си дозволува да патува до Барбадос. Морето кое тивко ја повикува со години, конечно и дава можност на напатената Ирмина да се одмори и да посети пријател од младоста. Фасцинирана е од се на островот, од бродот кој ја донесе, храната, луѓето и културата, впрочем и илустрациите кои упорно ви ги спомнувам стануваат посветли и повесели (видете ја последната слика) 😀

Пак ќе кажам, воодушевена сум од илустрациите, а приказната како целина која го претставува овој бурен период во историјата низ очи на една млада и дури би рекла наивна девојка, заслужено добила мноштво награди. Графички романи на македонски јазик се релативно ретки, а доколку ве интересираат, особено оние со историска тематика, Ирмина е еден таков кој не смеете да го пропуштите! Одличен е!

Изданието е на Издавачка куќа Артконект.

You may also like...

en_USEnglish