Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна од Јонас Јонасон

Со еден збор: ПРЕЗАБАВНА.

Приказна за Алан Карлсон, кој на својот 100ти роденден бега низ прозорецот на домот за стари лица каде се подготвува голема роденденска забава во негова чест и се качува во првиот автобус. Патем, се случуваат згоди и незгоди, запознава нови пријатели, а меѓу другото и се навраќаме во минатото и дознаваме за неговите авантури низ светот, од Шпанија во времето на Франко, до Америка и атомските бомби, Кина и Мао Це, средба со Сталин во Москва и логор во Владивосток, а измеѓу и кратка посета на Иран, преминување на Хималаите и спасување на животот на Черчил, а нашиот јунак станува и квази научник и политичар.

сатира и поинаков преглед на добро познати настани во историјата, од гледна точка на човек што го напуштил домот во Шведска по потрага по нешто (ни самиот не знае што) и случајно наидувајќи на гореспоменатите дестинации и добра доза скандинавски хумор. Неизбежно ме потсетува на Бакмановиот Уве иако е сосема различна приказна.

Севкупно, одлична книга и моја препорака за читање ова лето 😎

You may also like...

en_USEnglish