Прослава од Дамир Каракаш

Мала, кратка по број на страни, но особено интересна нова книга, на македонски преведена од Ацо Пероски и издадена од Артконект.

Поделена е на 4 делови и тоа: Куќа, Кучиња, Прослава, Татко. Можам накратко да ви кажам дека одлично е опишана шумата и целосното опкружување на селото во делот Куќа. Кучиња пак ме погоди право во срцето и ме растажи, особено бидејќи и самата имам најдобар пријател по име Бак и не би знаела како да постапам во таква ситуација (прочитајте ја книгата за да дознаете). Прослава ни го доловува поблиску ликот на Мио, кого би сакала и лично да го запознаам, додека Татко е дел кој дефинитивно би го препрочитала одново и одново.

Што да кажам повеќе, умешно е доловен крајот на војната во изолирано планинско село, а четирите дела се всушност 4 слики, прикази на секојдневието на жители и настани во селото. Мали изолирани делови кои го доловуваат преживувањето на војната и последиците.

Ме наежија описите на шумата и сцената со криење во неа и ќе си земам за дозвола да цитирам: „Нема војници, но има луѓе во селото кои, за да се додворат на новата власт, би можеле да го издадат секогаш, си помисли, во нашиот род имало луѓе кои се како огледала со две лица“.

Ова е мало „КНИГИШТЕ“ како што би рекла пријателката Христина (да Кики, ова е книга што ќе сакаш да ја прочиташ) 😃

You may also like...

en_USEnglish