Анонимна девојка од Грир Хендрикс и Сара Пеканен

Џесика живее во Њујорк и не заработува доволно од нејзината работа како шминкерка. Кога случајно дознава за психолошко истражување во кое испитаничките добиваат паричен надомест за учество, успева да стане дел од него. Прашањата се невообичаени, а Др Шилдс е мистериозната личност која се крие позади компјутерот и ги поставува прашањата на темата морал. Џесика брзо станува повеќе од обична испитаничка, а јас како читател нетрпеливо го очекував секое следно прашање.

Дека не е се како што треба откриваме брзо, но што се крие зад мотивот на Др Шилдс за вакво истражување? Како што Џесика полека “осознава” дека се впушта во крајно необични активности, но не се запрашува зошто додека е добро платена за тоа, така и се одмотува клопчето зад кое се крие Шилдс. Што ја наведува да спроведува вакво истражување и зошто Џесика е издвоена од мноштвото испитанички? За да дознаете треба да ја прочитате. Одамна не сум читала ваков скокотлив трилер кој отвара мноштво морални и етички прашања. Крајот не беше оној што го очекував па факторот изненадување е исто така голем бонус (тие што ме познавате знаете дека намалувам оцена ако го предвидам крајот на трилер 😀) Доколку сте ја читале, надоврзете се во коментари, но без да го откриете крајот.

Иако е дело на авторско дуо, моите напори да препознаам кој што напишал беа безуспешни, мило ми е да кажам дека приказната тече беспрекорно без читателот да забележи промена во стилот на пишување.

Македонското издание достапно на literatura.mk како и во нивните книжарници.

You may also like...

en_USEnglish