Холандската куќа од Ен Пачет

Приказна за едно растурено семејство, за ќерката која ќе заболи од дијабетес, синот кој и не е толку мал и донекаде е свесен за тоа што се случува, за навидум незаинтересираниот татко и отсутната мајка која се грижи за сиромашните во Индија, но не и за своите деца. А нишката која се провлекува и умешно ја поврзува приказната на ова семејство е токму Холандската куќа.

Некого воодушевува, некого го плаши, но едно е сигурно: куќата е величествена. Кога маќеата ќе ги натера Дени и Мев да ја напуштат куќата, при секоја можност го паркираат автомобилот во близина и го набљудуваат поранешниот дом. Низ годините студии на медицина на Дени и работата во фабриката за замрзнат зеленчук на Мев, куќата и разговорите за неа е константа во нивните животи.

Дали ќе се вратат во куќата или ќе се помират со нејзината загуба ви оставам сами да откриете. Едно е сигурно, братско-сестринската љубов и поврзаност е силна и ги води ликовите низ животните патишта, а тагата по родителите не се намалува со годините.

Втора книга која ја читам од Пачет после Белканто, но секако не и последна.

Издание на Literatura.mk📚

You may also like...

en_USEnglish