10 причини зошто да ја прочитате „Почеток од соништата“ од Џенифер Пробст

Барате книга совршена за читање на плажа ова лето?

Мој предлог е „Почеток од соништата“ од Џенифер Пробст! 😀 Брзо и забавно четиво.

Книгата ги следи Миа (сопственик на ПР фирма во Менхетен) и Итан (поранешен припадник на Специјалните сили и телохранител) кој после повреда на ногата се враќа да живее на семејната фарма и се грижи за коњите. По игра на случајности, Миа ќе се најде на оваа фарма како придружник на Кло за време на летото. Кло е ќерка на политичар и кандидат за градоначалник на Њујорк, испратена да извршува општествено-корисна работа на фармата.

10 причини зошто да ја прочитате оваа книга:

  1. Забавна приказна која брзо се чита;
  2. Дознајте повеќе за тоа кои се Миа и Итан;
  3. Секоја читателка која пробала разни режими на исхрана ќе се препознае во Миа;
  4. Доза политичка интрига и формирање на мислењето на гласачите;
  5. Кратки маркетинг, бизнис, психолошки и историски лекции од Миа;
  6. Љубовта кон книгите, филмовите и особено животните на фармата;
  7. Бидејќи Ве советува: „Пославувај ја секоја мала победа во животот. Никогаш не се знае кога ќе дојде следната“;
  8. Постепено развивање на романсата проследена со неизвесност и разни препреки;
  9. Епилог кој ветува многу за следната книга во серијалот која ја следи сестрата на Итан;
  10. Пораката дека: домот не е место, тоа е чувство!

Пријавете се во коментари ако ја додадовте на списокот за читање!

Во издание на Бата прес, книгата можете да ја најдете тука.

You may also like...

en_USEnglish